Македонија
18. February 2018 - 12:31

Регулатнорна ќе донесе одлука - не чека нова цена на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика пред две недели ја донесе одлуката за новата цена на бензинот и дизелот.

Тогаш малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/литар што значи уште едно поскапување.

Цената на дизелот остана иста, но сепак периодов ја надмина границата од 60 денари.

За помалку од шест месеци горивата поскапеа за 15 денари.

За новата цена загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.

Останува да видиме каква ќе биде новата цена која Регулаторната Комисија за енергетика ќе ја соопшти во понеделник.