Балкан
19. July 2015 - 17:38

Регионот го зафатија пожари

Пеколни горештини го зафатија целиот Балкан. Во делови на Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна гора е објавен црвен метеоаларм. Температурите на воздухот  надминаа  40 степени Целзиусови.  Луѓето на различни начини се справуваат со жешкото време.
 
Хидрометеоролозите предупредуваат од опасноста на  лесно избувнување на пожари поради високите температури. Но неколку земји веке се справуваат со тој проблем. Над 100 пожарникари се ангажирани во борбата со огнетата  стихија на хрватскиот остров Корчула, која досега уништи  околу 370 хектари површина со трева и нискостеблеста и борова шума.   
 
Грчките власти   соопштија дека противпожарните служби засега ги држат пламените јазици во околината на Атина и Пелопонез под контрола и нема опасност  за нивно ширење кон населените места. Пожари беснеат и во Босна и Херцеговина.   Големи површини под трева и нискостеблеста шума  се зафатени   во близина  на Мостар, Чапљина, Столац и Коњиц. Работата на пожарниакрите ја отежнуваа високите температури и силниот ветер.