Македонија
7. January 2017 - 16:21

Регионалниот пат Кратово- Пробиштип е во прекин во двата правци за сите видови возила

Регионалниот пат Кратово- Пробиштип е во прекин во двата правци за сите видови возила, а екипи на „Македонија пат“ интензивно работат на расчистување на снежните наноси.

На останатите патни правци сообраќајот полека се нормализира.

На патот Штип – Кочани, кај с. Крупиште возилата наизменично се пропуштаат по една коловозна лента.

Во текот на ноќта и раните утрински часови се чистеше патот од Свети Николе до Куманово, по што е укината забраната за сообраќање на автомобили, но сеуште е забранет за тешки товарни возила.

Камионите ќе можат кон север да се движат преку штипската кључка кон Катланово.  Се расчистуваат и патиштата кои водат до околните населени места, меѓутоа работата е отежната од ниските тепмератури.

-Знаеме дека на -5 степени солта не реагира и тоа ќе преставува дополнителен проблем, меѓутоа ние ќе ставаме и поголеми количини на песок-изјави Игне Иванов, директор на ЈП „Стипион“-Штип

Вработените од јавните претпријатија се на терен и интензивно работат на чистење на улиците и тротоарите.