Македонија
6. September 2016 - 8:27

Регионална работилница за адаптација кон климатските промени

Во Скопје денеска ќе се одржи Регионалната работилница за адаптација кон климатските промени во рамките на ECRAN мрежата (Environment and Climate Regional Accession Network), која ќе ја отвори заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Работилница е организирана од страна na ECRAN, проект финансиран од ЕУ со цел унапредување на регионалната соработка на животната средина и климатските промени во Западен Балкан и Турција.