Македонија
12. April 2017 - 11:31

Регионален натпревар по природни науки и биологија одржан во Ѓорче Петров

Во ООУ „Тихомир Милошевски“ се одржа регионален натпревар по биологија и природни науки во кој учествуваа вкупно 116 ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општина Ѓорче Петров.

Натпреварот, како што информираат од општината, беше организиран и надгледуван од преставници „Друштвото на биолози на Република Македонија“ и „Друштвото на природници“ кои беа задоволни од текот на натпреварот, знаењето на учениците и постигнатите резултати.

Победниците од овој натпревар ќе земат учество во регионалните и републичките натпревари со целосна поддршка од општината Ѓорче Петров.