Македонија
3. July 2016 - 9:41

Регионален летен универзитет за француски јазик во Струга

Над 100 професори по француски јазик од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Естонија и Литванија ќе учествуваат на 17. Регионалниот летен универзитет, што ќе се одржи од утре до 8 овој месец во Струга.

Летниот универзитет го организираат Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во партнерство со макеоднското Министерство за образование и наука.

Универзитетот им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставта по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик. Програмата предвидува шест модули за обука, кои ги водат врвни француски обучувачи, но и богати франкофонски активности, како презентации, работилници и размени на професионално ниво, соопшти Францускиот институт во Скопје.