Македонија
17. January 2018 - 16:34

Реформи за првачињата од први септември

Идните првачиња ќе учат по нова програма, Кембриџ се укинува.   Првоодделенците нема да имаат повеќе од 4 часа, се укинува домашната задача а  часовите ќе траат по 55 минути.  Наставникот ќе биде должен да направи проценка во кој период од часот ќе даде 15 минути задолжителна пауза. Целосно се менува начинот на реализирање на наставната програма, блага транзиција за да се развие љубов кон учењето а не фрустрација. Од денеска предлозите од работната група на МОН  ќе бидат ставени на јавна дебата.

Ќе се воведат нови предмети, наместо природни науки и Општество ќе се изучува предметот Светот околу нас, ликовно и музичко ќе се интегрираат во еден предмет – Уметност, останува исто предметот физичко и здравствено. По предлог на МОН ќе се намалат и тестирањата на учениците, домашните ќе се заменат со активности и вежби на час, а ќе се воведе и служба за поддршка на талентираните ученици, како и за оние со послаб развој.