Свет
11. January 2018 - 16:03

Речиси сите слики на изложба на Модиљани биле фалсификат

Заштитиниците на правата на потрошувачите во Италија бараат обештетување откако еден експерт заклучи дека речиси сите слики, прикажани во Џенова на изложбата посветена на сликарот Амадео Модиљани, биле фалсификат.

Експретот одреден од судот во Џенова заклучи дека 20 од 21 слика прикажани на изложбата во 2017, се очигледни фалсификати.

Амадео Модиљани

Адвокатот за правата на потрошувачите Фурио Труци ги советува посетителите на изложбата да бараат враќање на парите поради измама.

Изложбата е затворена три дена порано од предвиденото, откако тужителите почнаа да ги испитуваат сомнежите на експертите за сликарство поради автентичноста на сликите.