Балкан
9. јуни 2016 - 11:16

Речиси 1.500 Романци обвинети за злоупотреба на служебната положба

Близу 1.500 Романци се обвинети за злоупотреби на службената положба, што наводно се случиле последниве десет години, соопшти денеска романската Национална дирекција за борба против корупцијата.

Како што јави агенцијата Аџерпрес, Уставниот суд на Романија на 15 јуни ќе одлучува дали да ја декриминализира злоупотребата на служебна должност, која моментно се смета за престап.

- Ако тоа се случи, ние повеќе нема да можеме да гониме, изјави главниот обвинител на Дирекцијата, Лаура Кордуца Ќовеши. - Секој чиновник ќе може да прави што ќе посака, на штета на државата и граѓаните, дополни таа.