Македонија
25. јуни 2016 - 19:55

Ребалансот на буџетот не ги засега платите и пензиите

Владата изготви предлог ребаланс на буџетот базиран на пониски очекувања за економијата. Притоа, како што изјави министерот за финансии Миноски, тој не ги загрозува платите, пензиите и социјалните трансфери, ниту пак подразбира откажувања од поединечни капитални проекти, туку се менува динамиката на нивната реализација.

Ребаланосот наместо првичните 4% раст на БДП проектира раст од 2.3%. Проекциите за приходите се намалени за 2%, а расходите се кратат за 804 милиони денари. Буџетскиот дефицит од 3,2% се зголемува на 3,6%.

Миноски рече дека се направени одредени подготовки за нова еврообвзница потребна за сервисирање на тековни и обврски од претходни задолжувања кои доспеваат. Но, со оглед на тоа дека брекзитот влијае на пазарните прилики, за евентуалното издавање на евробоврзницата ќе се одлучи зависно од ситуацијата на пазарот.