Бизнис
22. July 2017 - 16:34

Ребаланс: ВМРО-ДПМНЕ побараа и штетите од земјотресите да влезат во ребалансот

Земјотресите да влезат во Буџетот. ВМРО ДПМНЕ бара консензус за во ребалансот да се вметне амандман со кој ќе се обезбедат 2 милиони евра за обештетување од земјотреси. Од партијата велат дека земјотерсите кои цел месец го тресеа охридско – струшкиот регион предизвикаа штети кај објектите и граѓаните треба да бидат обештетени.  Исто така овие пари би помогнале и ИЗИС да може да направи проценка на безбедноста на објектите кои се најпосетувани од туристите.

Пратениците од власта велат дека во буџетот има пари за оваа намена и дека ако не бидат доволни, ќе бидат определни дополнителни средства.

Расправата по ребалансот на буџетот почна во понеделникот во матичната  комисија за финансирање и буџет. Според деловникот ќе трае 10 дена, и потоа уште 5 на пленарна седница. Поднесени се над 800 анадмани а најголем дел од нив се од опозициската врмто дпмне. Од таму обвинуваат дека ребалансот е неразвоен, обезбедува пари за партиски вработувања, а предвидува и зголемување за задолжувањето за 150 милиони евра повеќе од планираното. 

СДСМ пак тврди дека  кратењето на непродуктивните трошоци за реклами и репрезентации се првите чекори кон остварување на економските мерки кои обезбедуваат поддршка за домашните претпријатија и зголемување на минималната плата на 12.000 денари и натамошен севкупен раст на платите за задоволни граѓани и мотивирани работници.