Фудбал
6. May 2016 - 10:07

Реал подготвува нов договор за Зидан

Зинедин Зидан ќе остане на клупата на Реал Мадрид и во наредната сезона, пишува весникот AS, кој традиционално е добро запознаен со случувањата на „Сантијаго Бернабеу“.
 
Зинедин Зидан, во јануари, го наследи на клупата Рафел Бенитез, потпиша договор до крајот на сезоната, а три месеци подоцна успеа со Реал да избори пласман во финалето во Лигата на шампионите.
 
AS, цитирајќи неименуван извор, објави дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез, уште пред три недели ја донел одлуката Зидан да добие нов договор и да остане во клубот и во наредната сезона.
 
Според истиот извор, Перез бил задоволен од работата на Зидан и атмосферата која францускиот тренер ја создал во соблекувалната.