Фудбал
29. May 2016 - 9:59

Реал Мадрид европски првак

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија европската титула откако синоќа во финалето на Лигата на шампионите по изведување на пенали го победија Атлетико Мадрид. Ова за „кралскиот клуб“ е 11.та титула европски шампион. Резултатот беше нерешен 1:1, а на пенали 5:3.
Реал поведе во 15.та минута со голот на Сехио Рамос, а изедначи Јаник Караско во 79.минута. Екипата на Атлетико Мадрид пропушти одлична шанса бидејќи на почетокот на вториот дел (46.минута) Антоан Гризман не реализираше пенал. Нерешено заврши дуелот и по двете продолженија, па пеналите го решија победникот. Стрелци на головите од пенал за Реал Мадрид беа: Лукас Васкез, Марсело, Герет Бејл, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, додека за Атлетико погодија: Гризман, Габи и Саул, додека не прецизен во четвртата серија беше Хуанфран.
Со освојувањето на 11.та титула европски шампион Реал Мадрид и натаму е најуспешниот клуб во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување.