Loading Video...
Кошарка
9. March 2018 - 12:13

Реал ја спаси честа на домашните екипи

Екипата на Реал Мадрид со победата над Панатинаикос, ја спаси честа на домаќините во четирите средби одиграни вчера, а во рамките од 25.коло.
 
Реал иако во поголемиот дел од мечот играше без Лука Дончиќ кој се здоби со повреда, сепак  домашниот тим забележа триумф над ПАО со 92-75, што беше и единствената победа на екипите кои играа пред својата публика.
 
На останатите три каде победи забележаа гостите, Армани Милано го изненади Химки во Москва со 86-77, шпанското дерби во Валенсија го доби Басконија со 81-71 и очекувано во Истанбул, Анадолу Ефес повторно загуби сега од Макаби со 94-81.
 
Денеска ќе се одиграат преостанатите четири средби од оваа рунда, а двојките се: 
 
18:00  ЦСКА МОСКВА – УНИКАХА 
19:00   ЖАЛГИРИС – ФЕНЕРБАХЧЕ 
20:00   ОЛИМПИЈАКОС – БАМБЕРГ 
21:00   БАРСЕЛОНА – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА