Џет-Сет
11. January 2016 - 12:44

Реакцијата на Ди Каприо кога покрај него помина Лејди Гага стана хит на интернет!

Реакцијата на актерот Леонардо Ди Каприо која се случила синоќа на доделувањето на „Златен глобус“ стана хит на интернет.

Покрај Леонардо во еден момент поминала Лејди Гага која добила награда за појавувањето во последната сезона од серијата „Американска хорор приказна: Хотел“, што него потполно го збунило.

Снимката од неговата реакција ја има насекаде на интернет, но Леонардо имал објаснување.

О, Боже, тоа стана популарно, хм? Едноставно не знаев што поминува покрај мене, рекол Ди Каприо.