Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на изјавата на Александар Нацев.
СДСМ може да лаже, но не може да ја излаже јавноста.
Селективноста на правдата кога се работи за функционерите на СДСМ се гледа на секој чекор. Почнувајќи од случаите за корупција за кои е осомничен Зоран Заев, па се до набавката на возила во МВР.
Очигледно дека СДСМ си ја има мувата на капата, па на пресот упатен до Јавното обвинителство, тие се најдоа повикани да одговорат.
Кога веќе трошеле зборови во празни и безлични соопштенија требало да одговорат до каде е истрагата со двајцата владини функционери фатени во корупција, обзнането лично од Зоран Заев пред 5 месеци?
Од каде кај соработникот на Оливер Спасовски информации за посебните истражни мерки? Кој му ги дал?
Дали и кога ќе се покрене обвинение за скандалозната набавка на возила во МВР каде без тендер се доделиле милион евра на фирма од Куманово која е партиски донатор на СДСМ, за што впрочем пишуваа медиумите?
Ова се очигледни скандали за кои СДСМ молчи, а институциите кои тие ги претворија во партиска маша се прават дека не ги гледаат.
Криминалот и корупцијата стануваат заштитен знак на оваа власт. Тоа го гледаат и граѓаните, но тоа го нотираат и на листата на Транспаренси Интернешнл. Ова се дела кои не застаруваат и за кои многу скоро некој ќе сноси одговорност, како политичка, така и кривична.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК: Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората
-
Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија
-
Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза
-
ДИК: Црната листа на САД не може да влијае врз претседателската кандидатура на Стевчо Јакимовски
-
Бебе загина во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село
-
Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници
-
Разбиена криминална мрежа во Атина која регрутирала малолетни девојчиња и ги принудувала на проституција
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и украдени часовници - Приведени три лица