Македонија
21. December 2016 - 17:31

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов

ВМРО - ДПМНЕ во денешната писмена реакција наведува дека Шилегов, Заев и СДСМ измислуваат нерегуларности во Теарце за да ги украдат изборите во цела Македонија.

- Шилегов, Заев и СДСМ сакаат со фалсификат и пост-изборен инженеринг во Теарце да ја одземат победата на мнозинството граѓани во Република Македонија,  стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, срамно е што Шилегов денеска е во Теарце меѓу луѓето кои, како што велат, „неговата партија лажно сака да ги прикаже како фалсификатори и сторители на изборни нерегуларности“.

ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот, вистината, правото и правдата, се наведува во реакцијата.