Македонија
28. јуни 2017 - 17:35

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на истражувањето на БРИМА

ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираше на најновото истражување на БРИМА што беше објавено денеска, а спроведено во текот на јуни.

Според ВМРО-ДПМНЕ, анкетата е направена со цел да се охрабри членството на СДСМ и да се создаде лажна перцепција. 

- ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува анкетата и го охрабруваме СДС да продолжи со своите активности и што поскоро да закаже предвремени парламентарни избори каде ќе биде вистинската анкета на волјата на граѓаните, се вели во реакцијата.