Реакција на ВМРО-ДПМНЕ - Буџетска криза нема да има
ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи уште едно деструктивно сценарио на СДСМ, наведува во реакцијата на прес-конференцијата на Кире Наумов од СДСМ.
Наведуваат дека преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов, лидерот на СДСМ денеска се обиде да ја блокира исплатата на зголемените пензии, да го попречи реновирањето на болниците и набавката на нова медицинска опрема, да ја закочи исплатата на земјоделските субвенции, да ја сопре изградбата на новата патна инфраструктура и да ги пролонгира роковите за реновирање и изградба на новите училишта и градинки.
ВМРО-ДПМНЕ, како што стои во реакцијата, не дозволи СДСМ да го реализира своето црно сценарио. - Буџетска криза нема да има. Република Македонија ќе обезбеди средства и за справување со мигрантската криза, и за зголемени пензии, и за реновирање на болници и за сите други трошоци кои ќе значат стабилност, сигурност и спокојство на граѓаните, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, додаваат во реакцијата, ќе продолжи да работи одговорно и домаќински и да се грижи за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на тоа Република Македонија да остане меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово