Македонија
10. October 2015 - 20:08

Реакција на тетовчани кон работата на општината

Жителите на стариот дел од Тетово, населбата Два бреста преку јавен собир ги изразија своето незадолство од општината што во тој дел од градот нема подобрување на инфраструктурата како во останатите реони.
 
Велат дека се случува со денови да немаат вода за пиење, има улици кои се уште немаат канализација и соодветно решение за дупките кои се јавуваат поради постојано течење на вода. 
 
Доколку нема подобрување ќе бидат порадикални во своите барања. 
 
Населбата Два бреста е препознастливата по старта градска архитектура и улиците со калдрма. Таму се наоѓаат музејот на комунистичката партија на Македонија и соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј.