Македонија
4. January 2017 - 18:22

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните во огромно мнозинство избраа промени и живот. Демократските процеси во Македонија никој повеќе не може да ги запре, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната прес-конференција на Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кој побара лидерот на СДСМ Зоран Заев да поднесе оставка и да одговара за криминал. 

- Никола Груевски е откриен од домашната и од меѓународната јавност во неговите обиди, преку реториката на конфликт и омраза, да ја изолира Македонија и на тој начин да ја спаси криминална власт. Граѓаните масовно порачаа дека им е доста од политичари како Груевски кои им нанесуваат штета на нив и на Република Македонија, со криминалните политики, со нападите врз претставници на меѓународната заедница во земјава, врз граѓанскиот сектор и целата демократска јавност, наведува СДСМ во реакцијата.