Македонија
12. April 2016 - 19:06

Реакција на НСДП на одлуката на претседателот Иванов

Нова социјалдемократска партија реагираше на одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за прекинување на сите постапки против политичари.

- На 8 септември 1991 година граѓаните прогласија самостојна, суверена и независна Република Македонија, а денеска на 12 април 2016 година, во 15:30 часот, Ѓорге Иванов во својство на претседател на државата со едностран акт ја поништи волјата и ја укина Република Македонија како држава, се вели во реакцијата.