Бизнис
17. October 2016 - 15:14

Реакција на Наумов за утрешната аукција на државни хартии од вредност

Дополнителниот заменик министер за финансии ире Наумов во пишаната изјава до медиумите наведува дека  со најавената  аукција на државни хартии од вредност за утре  се побаруваат за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање.
 
Според Наумов, министерот за финасии Кирил Миноски „ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Република Македонија на товар на граѓаните да запише нов нето долг“.

- Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации, се наведува во писмената изјава на Наумов.