Македонија
25. January 2018 - 16:12

Реакции за средбата Заев-Ципрас, меѓународната заедница го поздрави напредокот во дијалогот

Средбата Заев Ципрас може да придонесе во градењето позитивна клима меѓу двете земји, но  е нејасен потегот на македонскиот премиер за преименување на автопатот и аеродромот во државата, реагира опозициската вмро-дпмне.. од Партијата велат дека засега немаат никакви информации за процесот на преговори..

Партиите од албанскиот политички блок од власта и опозцијата со оптимизам гледаат на средбата.. Очекуваат изнаоѓање прифатливо решение за двете држави..

И претставниците на меѓународната заедница се огласија за средбата меѓу двајцата премиери.. Според Самуел Жбогар, таа е темел за подобро разбирање додека Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пак во тоа гледа добра вест за ЕУ перспективите на регионот..

Со своја реакција за процесот за решавање на проблемот со името се огласи и долгоодишниот прв човен а фондациајта СОРОС, Владимир Милчин во која тој ги објаснува своите црвени линии..

„Македонец, на англиски Macedonian;
македонски јазик. на англиски Macedonian language;
во таков случај, би можел да прифатам
Република Македонија (Скопје), на англиски Republic of Macedonia (Skopje)“, напиша Милчин на својот фејсбук профил.

Ништо помалку од тоа. И никакви мајмунлаци со гротескни читања и изговори на именки и придавки.

Инаку за средбата меѓу заев и ципрас огромен интерес пројавија грчките медиуми кои пишуваат дека таа мнинала во позитивна клима..