Македонија
29. December 2017 - 15:40

Разоткриени крадци на врати и прозорци од студентскиот дом „Гоце Делчев“, меѓу нив и 14-годишно дете

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.С. (27), Ш.У. (37) и еден 14- годишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Пријавените, од 1. до 6.овој месец, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ на ул. „Московска“ во Скопје одземале алуминиумски врати и прозори што биле демонтирани од студенскиот дом и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.