Бизнис
5. December 2016 - 19:47

Размената со странство во пораст, извозот од зоните зголемен за 17,5%

 

Раст на извозот  од 5,8% од јануари до октомври во однос на истиот период лани. Државната статистика објави дека извезени се стоки во вредност од 3,5 милијарди евра,  додека вредноста на увезената стока  изнесува речиси 5 милијарди евра, што е за 5,6 отсто повеќе во споредба со јануари -  октомври минатата година. Трговскиот дефицит изнесува 1,4 милијарди евра,  а покриеноста на увозот со извозот е 71,4%. Влезот на странските компании го засилуваат  и извозот и увозот. Заклучно со ноември пак,  извозот само од зоните бележи пораст од  17,5%.

Според статистичките податоци, најмногу се извезуваат катализатори на носачи со благородни метали, сетови на проводници за палење  возила, бродови и авиони, фероникел и облека. Платина и легури од платина , нафтени масла и електрична енергија се најмногу увезувани производи. Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија