Ракомет
8. February 2017 - 18:30

Разигрувањето за титулата во ракометниот шампионат ќе започне на 1 април

 
 
 Разигрувањето за титулата во ракометниот шампионат на Македонија ќе започне на 1 април. 
 
Познат е календарот според кој ќе се одиграат десетте кола во разигрувањето, односно плејофот за шампионскиот трофеј во домашното ракометно првенство. 
 
Разигрувањето ќе започне во првиот викенд од април (1 и 2), а треба да заврши со 10.коло закажано за 3-4 јуни. 
 
Во плејофот покрај четирите првопласирани екипи од регуларниот дел на сезоната ќе играат и македонските претставници во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, Вардар и Металург. 
 
Првата рунда (осминафинална) во Купот на Македонија е закажана за 4 и 5 март, додека завршницата е планирана за 19-21 мај.
 
По зимската пауза, и учеството на  македонската репрезентација на Мундијалот во Франција, ракометното првенството продолжува на 4 и 5 март.