Македонија
3. May 2016 - 12:56

Разбојници со пиштол ограбиле Тобако во Козле

Во Скопје на ул. „Козле“ бб, во тобако сопственост на З.Р. (46) од скопското село Трубарево, синоќа во 22.55 часот две непознати вооружени лица извршиле разбојништво над вработената, соопшти денеска МВР.

Сторителите дошле до шалтерското прозорче  и со закана со пиштол побарале пари.  Откако вработената им дала околу 7.000 денари сторителите се оддалечиле во непознат правец. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.