Македонија
21. March 2016 - 13:54

Разбојници одзеле 100.000 денари од вработена во обложувалница

Две непознати лица синоќа извршиле разбојништво во спортска обложувалница во скопската населба Аеродром и притоа се одземени 100.000 денари. 

Полицијата соопшти дека разбојништвото е пријавено синоќа, во 22.47 часот и оти била пријавена од лице вработено во Агенција за обезбедување. Било утврдено дека на бул. „Видое Смилевски-Бато“, во спортска обложувалница две непознати лица извршиле разбојништво врз вработената. Сторителите, со закана со сатар, одзеле околу 100.000 денари.

Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.