-->
-->
Разбојничка кражба во сендвичарница во Скопје
-->
Непознат сторител извршил разбојничка кражба изутринава во 1.30 часот во сендвичарница на улицата „Московска“ во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, додека вработениот се пресоблекувал во помошната просторија, слушнал тропање, по што влегол во локалот и забележал непознато лице како вади 1.000 денари од касата. Му рекол да застане затоа што ќе повика полиција, но сторителот го фатил за раката и сериозно му се заканил по животот, по што го турнал и со трчање избегал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите