Македонија
19. May 2017 - 14:43

Разбојничка кражба во сендвичарница во Скопје

Непознат сторител извршил разбојничка кражба изутринава во 1.30 часот во сендвичарница на улицата „Московска“ во Скопје. 

Како што соопшти денеска МВР, додека вработениот се пресоблекувал во помошната просторија, слушнал тропање, по што влегол во локалот и забележал непознато лице како вади 1.000 денари од касата. Му рекол да застане затоа што ќе повика полиција, но сторителот го фатил за раката и сериозно му се заканил по животот,  по што го турнал и со трчање избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.