Ракомет
24. јуни 2017 - 10:02

Раул: Сите групи се тешки

Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска се наоѓа во групата Ц заедно со европскиот првак Германија, Словенија и Црна Гора. Натпреварите ќе се играат во Загреб, а во однос на групата македонскиот селектор Раул Гонзалез истакна:
- Тешка група, но сите се такви. Европското првенство е посилно и од Светско. Сите ривали имаат квалитени играчи, кои добро ги познаваме. Јас верувам во мојата екипа. Шест месеци имаме за подготовка како што сакам јас и на мојот начин на работа. Најважен е првиот дуел.
Во првото коло на 13.јануари ќе играме против Словенија, на 15.јануари противник ќе ни биде Црна Гора, а во последното коло од групата два дена подоцна играме со европскиот шампион Германија.