Ракомет
28. October 2017 - 18:15

Раул: Работевме како екипа, иако недостасуваа неколку играчи

Македонската машка ракометна репрезентација ги заврши подготовките во неделата на ЕХФ. Избраниците на селекторот Раул Гонзалез одработеа шест денови со тренинзи без ниту еден контролен натпрвар, како што планираше селекторот.
 
Тренинзите се одржуваа во СРЦ Кале, а неколку играчи поради проблеми со повреди работеа со намален интензитет.
 
- Задоволен сум од одработеното. Работевме како екипа што е најважно во овој момент. Повредени сега беа Кирил Лазаров, Талески, Кузмановски, додека Јоноски воопшто не беше присутен во Скопје. Но, ние моравме да работиме и да го искористиме веремето со тие што беа тука. Сметам дека ако сите се присутни во јанаури дека ќе можеме да тренираме како што е планирано, изјави Раул.
 
Македонија на Европското првенство во Хрватска што се одржува во јануари 2018 година се наоѓа во групата Ц (се игра во Загреб) со селекциите на Германија, Црна Гора и Словенија, а притоа првиот дуел го играме против Словенија на 13.јануари.