Ракомет
17. March 2016 - 9:05

Раул: Ова беше само прво полувреме

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес по синоќешните 30:30 на гостувањето кај Висла во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите, изјави дека неговите ракометари оствариле добар резултат, иако на крајот беше пропуштена шанса за победа.
 
- Мислам дека завршивме добра работа овде. И двата тима играа многу добро, особено во нападот. Првото полувреме ѝ припадна на Висла, а ние имавме некои грешки во одбраната, а во нападот не бевме лоши. Во вториот дел работите се сменија за нас зашто нашата одбрана беше подобра, поцврста, Арпад Штербик беше подобар отколку во првото полувреме, потоа почнавме да реализираме и контри и имавме четири гола предност на пет минути до крајот, но противничките играчи многу се бореа до крајот и успеаја да изедначат. Овде е тешко да се игра и затоа за нас ова е добар резултат, сега ќе играме во Скопје. Ова беше само прво полувреме, ќе видиме како ќе биде на второто, но ќе биде тешко, додаде Гонзалес.
 
Реваншот во Скопје е закажан за 26 март.