Ракомет
19. September 2017 - 14:23

Раул: Ние сме фаворити

Во жесток ритам на натпревари влегуваат ракометарите на европскиот првак вардар. покрај одбраната на европската титула „црвено-црните“ сезонава ја бранат и титулата во СЕХА лигата.  По триумфот над Висла во ЛШ, вардарци вечерва (почеток 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански) ги чека дуелот од 4.коло од СЕХА лигата против Татран Прешов.

-  Ние сме фаворити на овој натпревар, дека сме прво место и сакаме на останеме на првото место. Но, мораме да подобриме елементи во одбраната и во нападот, изјави тренерот Раул Гонзалез.
Вардар нема да има тренинг пред дуелот со Татран, од причина што вчера околу пладне се вратија во Скопје, а денеска само со гледање на видео материјали ќе се подготуваат за дуелот со пвакот на Словачка.
-  Имаме три победи во СЕХА и една во ЛШ, како и што планиравме. Татран знае да биде незгоден ривал, но ние сме шампиони и затоа одиме на победа изјави капитенот Стојанче Стоилов.
 
Покрај дуелот Вардар - Татран денеска играат уште: Мешков Брест - Динамо Панчево и Загреб - Цеље, додека утре се играат дуелите Војводина - Металург и Нексе - Горење.