-->
-->
Раул: Нема лесен натпревар, мора да победиме
-->
Македонскиот ракометен првак Вардар е голем фаворит пред реваншот со Висла од осминафиналето во Лигата на шампионите. На „црвено-црните“ доволна им е и минимална победа за пласман во четвртфиналето. Во пресрет на дуелот со полскиот претставник, тренерот на Вардар Раул Гонзалес е претпазлив.
- Во Плоцк одигравме нерешено, резултатот беше многу тесен, но мислам дека за нас беше добро. Знам дека имавме четири разлика на три минути до крај, но заврши нерешено и ние се уште имаме многу добра шанса. Нерешено во Полска е добар резултат и треба да го искористиме. Треба да играме добра одбрана, таму не беше добра, примивме 30 гола. Ќе биде многу тешко. Сите мислат дека ќе победиме тука лесно, но јас не мислам така бидејќи Висла има многу добри играчи. Тие играат подобро надвор од дома, видовме против Кил и Веспрем. Затоа треба да бидеме спремни. Не знам како ќе биде резултатот, ама ќе биде тешко. За нас е како да играме финале. Ако изгубиме тогаш ќе биде готово. Ова е најважниот натпревар за нас сезонава, рече Раул на денешната прес-конференција.
Тој нема да смета на Филип Лазаров за саботниот натпревар, а останува отворено прашање дали ќе се врати Сергеј Горбок кој беше повреден, а вчера првпат почна да тренира. Сепак останатите се подготвени да одговорат на задачите. Меѓу нив е и пивотот Стојанче Стоилов.
- Натпреварот в сабота со Висла е најважен натпревар за нас оваа година. Малку сме разочарани што не победивме, но и нерешено е поволен резултат. Ќе биде тежок натпревар и тој поволен резултат ќе падне во вода ако не изиграме како што треба и ако не ја победиме Висла. Публиката во Скопје секогаш ни дава мотив плус и затоа очекувам да победиме, истакна Стоилов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка