Ракомет
12. October 2017 - 14:16

Раул: Не очекува тежок натпревар со Барселона

Македонскиот и европски шампион Вардар во сабота пред своите навивачи ќе го има најсериозниот испит сезонава во Лигата на шампионите. Гостин е повеќекратниот европски првак Барселона.
-  Барселона е најголемиот ривал во оваа група. Тоа е тим чии играчи имаат искуство. За да постигнеме победа одбраната треба да функционира одлично, да ја одиграме најдобрата одбрана. Исто така нападот треба да биде потребната висина, од причина што Барселона има одличен голман Перез. Ние имаме искуство и потребни ни се бодовите, а ќе ни треба и помош од навивачите, изјави тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез.
 
Вардар и Барселона оваа сезона одиграа натпревар во рамките на „Супер Глоуб купот“, а триумфираше шпанскиот првак.
- Барселона е една од најдобрите екипи во светот. За да стигнеме до победата треба да ги користиме „чистите“ шанси, само така ќе бидеме победници. Добро се „носиме“ со притисокот европски првак, едноставно „не летаме“. Сега сите ривали против кои играме имаат голем респект, истакна капитенот Стојанче Стоилов на денешната прес конференција.
 
Натпреварот Вардар - Барселона се игра во сабота со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански. Во првиот дуел од 5.коло од А групата вчера ПИК Сегед постигна гостинска победа против Висла со 33:27, додека вечерва играат: Рајн Некар Ловен и ППД Загреб.