Ракомет
31. March 2017 - 14:09

Раул Гонзалез нов селектор на македонските ракометари

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес денеска на прес конференција беше преставен како нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. Претходно на седницата на Управниот одбор на РФМ беше разрешен и официјално Лино Червар, а назначен Раул Гонзалез.

На прес конференцијата претседателот на РФМ Живко Мукаетов истакна:
- Во март имавме многу активности околу позицијата селектор на машката репрезентација. На седницата денеска едногласно беше изгласено Раул Гонзалез да биде нов селектор. Се надевам дека системот од Вардар ќе успее да го наметне и во репрезентацијата на Македонија. Договорот со него почнува од утре 1.април и ќе трае до 1.септември 2020 година, со тоа што по секој циклус ќе правиме анализа. Секако за нас најважен е првиотциклус, кој е во тек, а тоа се квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.
На пресот новиот селектор Раул изјави:
- Благодарност до престедателот на Вардар Сергеј Самсоненко, како и до претседателот на РФМ што се наоѓам на оваа позиција. Горд сум што ќе бидат селектор на Македонија. Ќе се трудам многу, ќе работам многу и мислам дека ќе биде добро. Во текот на следната недела ќе се знае и кои ќе ми бидат помошници, а најважно ќе биде добро да се подготвиме за дуелот со Исланд.