Ракомет
20. March 2018 - 12:32

Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

 
 
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на подготовките за време на ЕХФ неделата што ќе трае во периодот од 02 до 08 април 2018 година.
 
Ракометарите во овој период ќе се подготвуваат за претстојните бараж натпревари за Светското Првенство 2018 што Македонија ќе ги одигра против селекцијата на Романија во јуни. Покрај тренинзите во Скопје, нашите репрезентативци во текот на ЕХФ неделата ќе одиграат и еден пријателски натпревар од затворен карактер против репрезентацијата на Русија.
 
Список на ракометари на Машка сениорска репрезентација за ЕХФ Недела (02-08. април)