Бизнис
1. November 2015 - 16:39

Растот на индустријата показател дека економијата е на здрави нозе, сметаат стопанствениците и економистите

Растот на иднсутријата е позитивен сигнал за целокупната економија, оценуваат бизнсимените. Нарачките се задржуваат, а некои и се зголемуваат. Бизнсимените очекуваат ваквиот позитивне тренд да продолжи и во идина. Градежниот сектор го посочија како најзаслужен за позитивните резултати во индустријата.

- Значителен раст има во авгуист во сепметври во споредба со лани но и значителен раст е регистриран во деветте месеци до годинава од јануари до септемрви. Очкеуваме да продлжи ова темпо да се рподлжи со инфраструктурните проекти и капиталните инвестиции, Може да се каже дека градежниптвотот е двигателот кое со својата работа повлече со себе 25 сектори . Очекува ова да продолжи понатаму за да  оствариме раст  на БДП и во третиот квартал, рече  Митко Алексов- ССК

По растот во август од 12,7 отсто, статистика измери раст на индустријата и во сепметври од 8,6 отсто во однос на истиот месец лани. Во деветте месеци од годинава пак растот е 2,5 отсто во споредба со истиот период лани.. Најголема позитива е генерирана во секторот преработувачка индустрија, од 11,2 проценти, кај производството на прехранбени производи, текстилот и кај хемикалиите и хемиските производи. Од главните индустиски групи, пораст има кај Интермедијарните производи, 8,5 отсто, додека кај капиталните производи зголемувањето е 24,4 проценти. Пад е забележан кај енергијата и трајните производи за широка потрошувачка. Во септемрви зголемен е и бројто на вработените.