Македонија
24. February 2017 - 17:03

Растел наталитетот, но растел и морталитетот во последните 3 месеци од 2016-та

Во Македонија се зголемил бројот на живородени но и на умрени лица последните три месеци од 2016 години.  За 1,1 процент пораснал бројот на бебиња во споредба со истиот период од 2015г. Морталитетот пораснал за 2,4 проценти. Според последниот извештај на статистика природниот прираст во државата изнесува 342 лица, што значи, за толку бројот на живородените е поголем од бројот на умрени лица. По градови во Скопје како нај населен град  има најмногу живородени 1749  но и најголем број на починати 1377. По него е Куманово каде се родиле 303 бебиња во овој квартал , потоа во Тетово 282, општина Чаир 264, Аеродром 228, Центар (220) , Гази Баба (215) и Битола (208) каде се родиле повеќе од 200 бебиња. Во куманово голем е бројот и на умрени лица 266, Прилеп 237, во Битола 281  и во  Тетово 192 лица.

Според извештајот во последното тримесечје  од 2016 забележани се поголем број на разведени отколку на склучени бракови. Овој период  за 15.4% намален бројот на сопружници,, во споредба со истиот период од 2015 година( 2922). Бројот на разведени лица пак е зголемен за 7.9 проценти( 720).

Според резултатите  може да се забележи дека големите градови и општини  се рекордери во статистиката. Во метрополата  има најголем број на разводи за три месеци дури 223, а бројот на бракови 674. Општината каде се бележи најголем број законски сопружници е Чаир 140, додека во Аеродром има најмногу разведени 44. По Скопје, најмногу парови склучиле брак во Тетово 167 Во Куманово 144 бракови, Гостивар 135, Битола 116.  Најмногу брачни несогласувања кои резултирале со развод имало во Тетово 68, потоа во Гостивар 43 и прилеп каде се развеле 31 брачен пар.