Македонија
24. May 2017 - 17:06

Расте ли насилството врз жените?

Вистински хорор преживеала 25 годишна девојка од скопско Студеничани. Нејзиното поранешно момче ја киднапирал, и речиси цел час ја малтретирал во својот автомобил, информираат од полцијата. Според билтенот на МВР, вчера доцна попладне се случувало насилството врз девојката. Таа околу 19 часот била пресретната од поранешното момче на мостот кај Маркова река на локалниот пат кон Драчево. Момчето таму пристигнално со автомобил. Насилникот не бил сам, со себе носел и другар кој му помогнал ја да внесат девојката во автомобилот. Тогаш и започнал хоророт за младата скопјанка. Таа насила била внесена во автомобилот а по краткото возење, момчето го сопрел возилото и цели 40-тина минути физички ја малтретирал по што ја исфрлил од колата и заминал. Од Министерството за внатрешни работи велат дека после полноќ, нападнатата девојка побарала лекарска помош во болницата „8-ми септември“. По прегледот на девојката, докторите утврдиле телесни повреди и по укажаната помош е пуштена на домашно лекување. Од Министерството за внатрешни работи велат дека причина за нападот врз девојката е најверојатно претходната љубовна врска и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Според статистичките податоци на организациите за унапредување на женските права и жртви на семејно насилство, месечно во Македонија се пријавуваат по 50-тина случаи во кои најголем број од жртвите се жени. Дури 70 проценти од пријавите се однесуваат за психичко малтретирање.

25 годишната девојка од Студеничани е трета жртва на насилници оваа недела. Во првиот случај скопјанка пријавила дека повеќе од една година трпела уцени и била принудувана на интимни односи со 32 годишен жител на Скопје кој и ветувал вработување во приватна клиника. Вчера пак во полицијата е пријавено дека малолетничка е грабната од поранешното момче во населбата Карпош. Полицијата информира дека насилникот со употреба на сила и влечејќи ја за коса го внел девојчето во автомобилот и ја однел во својот дом. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, Против насилникот ќе се поднесе соодветна пријава.