Бизнис
17. February 2016 - 19:52

Расте искористеноста на парите од Европската Унија

Македонија искористила близу 62% од средствата кои Европската унија и ги предвидела со ИПА 1 програмата.

Од вкупно 614 милиони евра, до крајот на 2015 година се склучени договори за 379,8 милиони евра односно 957 договори во кои влегуваат и оние од ИПАРД

Меѓу проектите кои се финансирале со овие пари се интегрираното гранично управување, финализирањето на Коридор 10, реконструикцијата на железничката станица – Скопје, контакт центарот на УЈП и над 20 проекти за прекугранична соработка, како и енергетсккото поврзување на Македонија со Албанија.

Покрај оваа во Македонија е застапена и програмата ИПА 2 2014-2020 преку која на располагање се 664 милиони евра, а испрограмарни од страна на државата 445 милиони.

Искористеноста на средствата од ИПА бележи раст низ годините.  Од 34% во 2013, 45% во 2014 61,8 проценти во 2015.