Македонија
9. August 2016 - 10:15

Расте бројот на жртвите: Пронајдено телото на малиот Иван, екипите трагаат по 16 месечно девојче

Полицијата вчера попладне добила пријава за исчезнати две лица во поплавите по силното невреме кое го зафати Скопје и околината. Станува збор за 12 годишно момче и 16 месечно девојче.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи таткото на 12 годишниот Иван пријавил дека неговиот син  во моментот на невремето бил со неговиот дедо на трактор кога наишол голем воден бран, по што тракторот се превртел, а водата почнала да го носи детето кон местото вика Попово Маало. Вера вечерта околу 20:40 часот телото на момчето било пронајдено од таткото во на последната автобуска постојка со број 65 во Сингелиќ. По извршената идентификацијата телото е предадено на семејството. Иван е 22 жртва од невремето.

Дополнително, екипите трагаат и по 16 месечно девојче кое нејзиниот чичко вчера попладне ја пријавил за исчезната.

Во моментот на страшното невреме по обиколница со автомобил се движеле таткото на бебето и  бебето. Голем воден бран почнал да го носи автомобилот по што на малото девојче му се губи трагата. Таткото починал.

Сите надлежни екипи кои уште вечерта излегоа на терен спасија над 1.000 граѓани кои беа зафатени од катастрофалното невреме, голем дел од нив се наоѓале и во животозагрозувачка состојба.