Балкан
12. December 2016 - 16:38

Расте бројот на жртвите од терористичките напади во Истанбул

Бројот на загинати во двата бомбашки напада во Истанбул се зголеми на 44, од кои 36 се поицајци. Милитантната група Јастреби на слободата на Курдистан, презеде одговорност за експлозиите  во саботата  пред стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ . Турските власти по терористичките напади  уапсија повеќе од 100 членови на прокурдската партија Народна демократска партија.

Лавров во дводневна посета на Србија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров допатува во дводневна посета на Србија. Српскиот министер за надворешни работи  Дачиќ го пречека неговиот руски колега на аеродромот „Никола Тесла“, а потоа гостинот имаше  одвоени средби со претседателот  Николиќ и премиерот Вучиќ. На средбите се разговарало   за политички теми , економска , воена и воено економска соработка.  Утре тој ке учествува на министерскиот состанок на Организацијата за црноморската економска соработка, со кој претседава Србија.

Социјалдемократите ги освои изборите во Романија

Романската левичарска Социјалдемократска партија (ПСД) победи на парламентарните избори кои во неделата се одржаа во земјата.

тонско Ливиу Драгнеа претседател на ПСД

Социјадемократите освоија   46  проценти од гласовите. На второто место со добиени 20 осто од гласовите е националната либерална партија .Во парламентот ке влезе и сојузот Да ја спасиме Романија, новас партија која својата кампања ја засноваше на борбата против корупцијата. Излезноста на изборите е 39,5 отсто.