Македонија
29. July 2017 - 17:48

Расте борјот на тешки кражби во струмичко, за шест месеци регистрирани 151 случаи

Зголемен бројот на тешките кражби во југоистокот од државата. За шест месеци на подрачјето кое го покрива СВР Струмица биле регистрирани 151 тешка кражба или за 15 % повеќе во однос на минатата година. Во првото полугодие од оваа година најчеста мета на крадците биле куќи, станови, маркети и возила, а предмет на напад  пари, накит , технички производи, акумулатори, телевизори, мобилни телефони и разновдни електрични машини и апарати. За разлика од бројот на кражбите кој е во пораст полициската статистика годинава бележи подобрување во делот на ефикасноста.

-Досега расветлени се вкупно 65 кривични дела. Во истиот период минатата година регистрирани беа 131 кривично дело тешка кражба, а од нив расчистени беа 50 кривични дела. Овие податоци говорат дека иако во првата половина од годинава има зголемување за 15 %  на пријавени кривични дела тешка кражба, сепак споредбено со истиот период лани има зглемување на бројот на расветлени кривични дела за околу 30%, вели Александар Закирски –СВР Струмица

Од СВР Струмица информираат дека паралелно со засилениот оперативен ангжман продолжуваат и со превентивните активности со цел заштита на имотот на граѓаните и намалување на овој вид кривични дела. Во делот на превецијата се реализираат голем број проекти кои треба да ги едуцираат граѓаните,  но и да помогнат да се заштитат од провални и дрски кражби, како и проекти за превенција од кражби во автомобил и од џебни кражби.  Врз основа на акциниот план преку формални и неформални средби со граѓаните годинава се реализираат и проектите ,,Полицијата и граѓаните заедно ,,  ,,На кафе кај соседите,,  ,, Застани и разговарај,, и  проектот насловен ,,Како сте,,.