Бизнис
21. February 2017 - 19:40

Растат заштедите на граѓаните, но растат и долговите најмногу се бараат потрошувачки кредити

Растат заштедите на граѓаните, се намалуваат кај корпоративниот сектор.   Во јануари вкупните депозити изнесуваат 5,2 милијарди евра, од кои нешто над  3,5 милијарди евра се на домаќинствата , додека  останатите на  фирмите. Во споредба со претходниот месец, вкупните заштеди се намалиле за 35 милиони евра, додека пак кај ѓраѓаните  бележат пораст за 10 милиони евра, објави Народната банка.

Во истиот период благ пад бележи кредитирањето. Одобрени се  вкупно 4,5 милијарди  евра , сума која е за 72 милиони евра пониска отколку во декември.  Домаќинстават се задолжиле со 2,1 милијарди евра, од кои најголем дел, милијарда и 41 милион се потрошувачки кредити. Ведаш зад нив се станбените – 564 милиони евра.  Од банките потврдуваат дека најголем процент од одобрените кредити се токму за нив

За кредитни картички во јануари банките одобриле 200 милиони евра, за покривање негативно салдо на тековните смерки 101 милион евра,   сомнителните и спорни побарувања изнесуваат 53 милиони евра.

Граѓание се помалку се одлучувуаат да земат кредит  за купување нов автомобил.  Само 5  милион 154 илјади евра се  одобриле банките за оваа намена.   Бројка која од мссец на месец  бележи пад.