Балкан
2. October 2017 - 11:10

Раст на грчкото производство, најголемо во последните девет години

Грчките производствени активности се зголемени во септември, со најбрзо темпо во изминатите девет години, што условува поголема побарувачка за вработување на домашниот пазар на трудот и зголемено производство, покажуваат резултати од економска анализа.

Имено, во анализа на Маркит (Purchasing Managers Index) регистрирано е зголемување во економијата на државата на 52,8 од августовските 52,2 отсто. Тоа е најголем процент од јуни 2008 година. Проценти над 50 означуваат експанзија на економските активности.

Домашната побарувачка е главен двигател за растот, поради тоа што новите нарачки се зголемени највисоко ниво во изминатите 3,5 години. Забележливо за септември е и мало намалување на новите експорт бизниси. Стапката на невработеност во Грција е 21,1 отсто во вториот квартал од годината и е највисока во еврозоната.

Аналитичари сметаат дека зголемената побарувачка ги натерала производителите да го зголемат производството четврти месец по ред односно со најголемо темпо во изминатите девет години, поддржано од потрошувачите и капиталните добра.