Распишани два огласи за директорски позиции
Владата бара нов директор на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. На оглас се повикуваат кандидати заинтересирани да ги промовираат туристичките ресурси и капацитети на Македонија на меѓународно ниво.
Според огласот, треба да имаат петгодишно работно искуство и меѓународен сертификат за познавање англиски јазик. Рокот за пријавување е до 15 октомври.
Бројот на странски туристи е удвоен изминатите години, а поттикнат е со повеќе мерки. Се Државата дава субвенции за туроператорите кои ќе донесат странски туристи, како и за вопоставување евтини летови, државно земјиште за изградба на хотели се нуди по евро за квадрат.
Покрај овој, во тек е и оглас кој го има распишано Агенцијата за електронски комуникации за директор на инстутицијата. Се бараат кандидати со образование од областа на електротехничките науки, информатиката, правото или економијата и кои не биле вработени кај телекомуникациски оператор во рок од една година пред денот објавувањето на конкурсот. Рокот за пријавуање истекува на 30-то октомври.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар