Македонија
18. January 2018 - 20:46

Раскараните земјоделци не сакаат да ги окрупнат парцелите, бараат државата да им помогне

Една од мерките за осовременување на земјоделското производство, Владата и ресорното министерство го гледаат во окрупнување на земјоделските површини. Земјоделците ја поздравуваат оваа иницијатива, но сметаат дека како идеја е одлична, но на терен е тешко изводлива.

- Покрај мене има 10 души кои имаат по половина дека, по декар. Од тие, половина се роднини, кои не се сакаме, не зборуваме...Како ќе ја земеме неговата нива да ја окрупниме, тоа не ми е јасно. Не сака да ја даде и да му ја плаќам или државата да помогне, но од тој аспект ние тоа не можеме да го изведеме-изјави Слободан Стојанов, земјоделец

Окрупнувањето на површините засадени со монокултури во голема мера го поевтинуваат производството, а со тоа и земјоделскиот производ станува конкурентен на пазарот.

- Јас моментално работам 150 декари пченица на 100 места. Комбајнот оди од нива на нива и создава трошоци, се расипува. Кога би била нивата 50 декари, таму ќе нема расип, ќе нема арч, цената на жетвата наместо сегашните 1000 денари, ќе ми биде 500 денари-додава Стојанов

Земјоделците со став дека за подигање на квалитетот и рентабилноста, треба да се преземат и други итни мерки, како поевтинување на семенскиот материјал и репроматеријалите, а т.н. зелена нафта, да се даде кога најмногу е потребна, на пролет, кога е подготовката за сеидба, а не на лето, кога најголем дел од активностите се  завршени.